НАШАТА ПРИКАЗНА

Компанијата за производство на градежни материјали SILOTER
е компанија основана со приватен капитал. Во изминатиот период
SILOTER прерасна во современа и модерна фабрика за
производство на градежни материјали. Во моментов располагаме
со палета на производи кои се користат на нашиот пазар: повеќе
видови на малтери за ѕидање и малтерисување, машински малтер,
декоративни малтери со шара или фул-форма, малтери за
порамнување итн. Повеќе видови и класи на лепила за плочки
и тоа: лепило за керамички плочки, лепило за гранитни плочки,
флексибилно лепило, лепило за стиропор плочи,
хидроизолација итн.
Нашите производи ги исполнуваат најсовремените градежни
нормативи чиј квалитет е потврден од реномирани градежни
лаборатории со сертификат.
Како предизвик на модерните текови во градежната индустрија
SILOTER се стреми кон проширување и усовршување на
производство преку имплементирање на современи технологии
на производство, со цел да може да одговори на барањата на
пазарите и надвор од нашата земја. SILOTER нуди производи со
висок квалитет кои всушност ја претставуваат и нашата
формула за успех.