Академија

akademija-logo-2Академија Силотер е само еден дел од целокупниот систем на  Силотер. Ја креиравме академијата бидејќи се повеќе има недостиг на кадар во градежната индустрија. За успешна апликација на нашите материјали фали обучен кадар. Со министерството за образование и центарот за обука на возрасни заедно го започнавме овој проект. Право на пријавување имаат сите лица кои имаат наполнето 18 години и имаат завршено основно образование. Веруваме дека наука ке допринесе за поуспешно работење во делот на градежништвото, и затоа се трудиме да допринесеме во истото. Обуките се бесплатни и се одржуваат после работно време со цел да можат да слушат кои и да сака. Со обучени професори и искусни квалификувани мајстори кандидатите ке можат да научат теоретски  но и практично како се работи . Позавршената обука кандидатите ке се здобијат со сертификат за завршен курс, кој важи во Р. Македонија и рамките на ЕУ.