Силомат

SILOTER SILOMAT – Зошто силосна техника?

 

Градежници, ако вашето време е скапоцено и сакате континуиран квалитет, тогаш техника на SILOTER SILOMAT е Вашиот вистински
избор. Заборавете на рачно мешање на материјал,користење примитивни методи за подготовка на малтер, поштедете се од физичка работа и од изгубено време. Со SILOTER SILOMAT надополнувате со квалитет. Силосната техника нуди складирање на материјалот, при што е заштитен од секакви надворешни влијанија и штети, не бара градежна дозвола за поставување на градилиште и најважно работи со континуиран квалитет.
SILOMAT е способен сам да ја хомогенизира смесата како што Вам ви е потребна.

Предности на SILOMAT СИЛОСНА ТЕХНИКА „NO DUST“
Целиот процес на работа на силос системот ја поедноставува работата за градежните работници, односно целата стара технологија и алатките се непотребни (мешалка, лопати итн.). Исто така, физичката работа е драстично намалена. Процесот на
хомогенизирање на материјалот преку силос системот нуди континуиран квалитет. Силос системот не бара градежна дозвола
за да биде поставен на градилиште или близу градилиштето. Нема никаква загуба на материјалот, ниту пак некаков вид на
отпад (вреќи, дрвени палети, најлон итн.).

Градежната компанија која користи силос систем е заштитена од секаков вид на природни и неприродни непогоди (дожд, снег, сонце, влага, кражба на материјалот итн.). Силос ситемот нуди комотност при работа и нема
никаков вид на прашина т.е. од производство па се до складирање на материјалот се работи со технологија.

2

 

СИЛОС СИСТЕМ SILOMAT R3
SILOMAT R3 е подвижен силос систем за складирање и преработка на ѕидарски малтер (ECOTER). Овој наш
силос систем е дизајниран да може да се транспортира на најлесен начин до одредената дестинација. Нашиот
силос систем може да биде поставен секаде каде што има потреба, бидејќи за истиот не е потребно вадење на
градежна дозвола. Овој силос е во комбинација со континуиран миксер со регулирана количина на вода за добивање на готов влажен малтер.
Целиот процес од производство до складирање во силосот е во затворен систем, односно користиме
„NO DUST“ технологија, (технологија без прашина). Полека, но сигурно, Р. Македонија почнува да ja прати
модерната технологија. SILOTER се труди континуирано да имплементира нови технологии, при што нуди ефикасни решенија во градежната индустрија.

3

SILOMAT R25
SILOMAT R25 работи на истиот принцип како силосот SILOMAT R3, но SILOMAT R25 е така дизајниран да може
лесно да се транспортира, дури и во автомобил караван. Со додатен дел „хауба“ тој може да се поврзе со силос
и непрекинато да хомогенизира материјал. SILOMAT R25 е многу корисен да хомогенизира материјал во помали простории. Од нашите досега
произведени силоси, имаме поставено на повеќе градилишта и тие работат беспрекорно.

Силосна техника …

silosna-tehnika